Dark Mode Light Mode

Георгиевски се пласираше во финалето во таеквондо на Олимпијадата во Токио

Уште еден одличен настап на Дејан Георгиевски, кој успеа да ја добие и третата битка за неполни 4 часа денеска.

Во полуфиналето Дејан Георгиевски беше подобар од корејскиот натпреварувач Ин, кој иако прво поведе на натпреварот со поен, следуваше серија на квалитетни удари на македонскиот натпреварувач во телото на Ин за водство од 5:1 пред крајот на втората рунда.

Веднаш потоа зададе удар и Кореецот, по што врати на 5:3, а на почетокот од третата рунда, уште неколку добри удари на Георгиевски, со што резултатот дојде на 9:4.

Реклама

На крајот Дејан Георгиевски обезбедува сигурна победа со реузлтат 12:6, за олимписко славје на Македонија, која по оваа победа, обезбедуваме барем сребрен медал, бидејки Георгиевски ќе игра финале.

Сега му следува неколку часовен одмор и фокус на македонскиот таеквондист, за потоа, во 14:45 да ја има финалната битка за историско злато, против силниот руски и актуелен шампион, Владислав Ларин, кој во полуфиналето успеа да го добие кинескиот натпреварувач Сун со брутален скор (30:3)

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: Заев потроши 4 историски најголеми буџети

Next Post

184 сообраќајни прекршоци во Скопје, 39 за брзо возење

Реклама