Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: Заев потроши 4 историски најголеми буџети

Заев потроши 4 историски најголеми буџети, а ништо не прави, освен најава за раст на долгот до неверојатни 8,5 милијарди евра, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонија ја води најкорумпираната власт во Европа. Затоа македонската економија тоне од ден во ден. За една година 6.200 компании се затворени и има 60 илјади нови невработени, а околу 600 илјади лица живеат на прагот на сиромаштијата“, велат од партијата.

Власта на Заев, додаваат од таму, наместо за стандардот на граѓаните се грижи како да го зголеми стандардот на елитата околу нив.

Реклама

„65% од работниците земаат помалку 25 илјади денари. Дополнително секој ден се соочуваат со зголемување на цените на производите. Поскапеа горивата и струјата, се воведуваат зелени такси и даноци кои немаат врска со екологијата, туку со полнење на празниот буџет. Потрошувачката кошница поскапува, а народот осиромашува. Јавниот долг на Македонија надмина 7 милијарди евра, а прогнозите на власта се дека тој ќе порасне до уште поневеројатни 8,5 милијарди евра или речиси 66% од БДП. Ова се 6 процентни поени повеќе од границата предвидена со Мастришкиот критериум. Патем нема никакви капитални инвестиции, нема нови автопати, болници, училишта и студентски градови, сето она кое што го ветуваа Заев и СДСМ, а кое што не го реализираа овие 4 години“, се наведува во соопштението.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Почна исплатата на јулските пензии

Next Post

Георгиевски се пласираше во финалето во таеквондо на Олимпијадата во Токио

Реклама