Dark Mode Light Mode

Возачот кој ја предизвика сообраќајката кај Славонски Брод може да добие 15 години затвор

Возачот на автобусот кој се преврте вчера кај Славонски Брод при што загинаа 10 лица, а над 40 се повредени, денеска ќе се појави пред Државното обвинителство на Хрватска, а е осомничен за предизвикување сообраќајна несреќа, за која е предвидена максимална казна до 15 години затвор.

Хрватската полиција објави дека е утврден идентитетот на осуммина загинати, додека постапката за идентификување на остантите двајца починати патници продолжува.

Во соопштението од полицијата се наведува дека возачот, 52-годишен државјанин на Косово, со кривична пријава под сомнение дека предизвикал сообраќајна незгода, е предаден на надзорникот за притвор, а потоа ќе биде предаден на државното обвинителство во Славонски Брод за понатамошна постапка, пренесе хрватски „Индекс“.

Реклама

Досега полицијата утврди дека 52-годишниот косовски државјанин, кој управувал автобус со косовски национални ознаки, не се движел по средината на обележаната сообраќајна лента, туку преминал во тревата покрај патот, а потоа автобусот се превртел на страна.

Во оваа сообраќајна несреќа загинаа 10 лица, 15 лица се здобија со тешки, додека 30 лица со полесни повреди.

Повредените биле пренесени во болница во Славонски Брод за укажување лекарска помош, каде што некои од нив се задржани на понатамошно лекување.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Власта со амандман ќе го вметне „Северна“ во резолуцијата што ќе ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ за спорот со Бугарија

Next Post

Утре многу топло, од средината на неделата со температури и до над 40 степени

Реклама