Dark Mode Light Mode

Водовод: Не ја трошете водата непотребно

Скопското јавно претпријатие „Водовод и канализација“ апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури.

Од таму нагласуваат особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање бавчи и ниви.

-Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде што се најавуваат високи температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 Целзиусови степени, како и податоците на ЈП ‘Водовод и канализација’ за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Скопје за рационално користење и употреба на водата, односно да се избегнува полевање поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови, се наведува во соопштението на скопското јавно претпријатие.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудата за 27 април е да се заплашат политичките непријатели на Заев

Next Post

За Вељаноски, Јанакиески, Ристовски и Атанасовски куќен притвор, можеле да избегаат

Реклама