Денешната одлука на судот за 27 април е темпирана и планирана прeсуда која има за цел да создава страв кај политичките непријатели на Зоран Заев и целосно ја урне демократијата во државата, се вели во реаквијата од ВМРО-ДПМНЕ по денешната пресуда за организацијата на настаните во Сообрнието на 27 април.
-Ваквата пресуда не е ништо друго туку продолжување на праксата на власта да се изживува со судбини, во случајот со лица кои во постапката покажаа дека се невини, а судот пресудителната одлука ја темели само на исказ на човек со дебело криминално досие. Целата пресуда се темели на исказот на Александар Василевски – Нинџа, човек со дебело криминално досие, што го потврди и судот. Судот верува во човек со криминална историја. А, во случајот ‘Рекет’ за исказите на Бојан Јовановски кои што ја компромитираат обвинителката Русковска, Љубомир Јовевски кажа дека судот не ги зема во предвид исказите на лица чиј наводно кредибилитет бил сомнителен, изјави портпаролот Димче Арсовски.
Тој предупреди дека судиите и обвинителите кои, како што рече, му слугуваат на Заев треба да знаат дека брзо ќе дојде време кога ќе треба да дадат одговор за сите вакви одлуки.