Dark Mode Light Mode

Штипјанец загинал додека управувал со товарно возило

Управувањето со товрен камион вчера било фатално за 50-годишен штипјанец кој потоа починал на патот кон болницата.

МВР соопшти дека на 02.07.2021 во СВР Штип е пријавено дека околу 10.00 часот на пристапен пат во близина на асфалтната база на место викано „Ежово Брдо“, се повредил при извршување на работни задачи Г.М.(50) од Штип, додека управувал товарно возило „мерцедес бенз“, со штипски регистарски ознаки.

-Тој бил пренесен во Клинички центар Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, а потоа транспортиран кон Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, при што починал при транспортот. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција, се наведува во информацијата.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Марко Пејчиноски повторно го преплива Охридското Езеро

Next Post

Сончево и топло со температури до 33 степени

Реклама