Марко Пејчиноски од Охрид денеска повторно го преплива Охридското Езеро, овој пат во чест на православниот празник посветен на Свети Наум. Нему му беа потребни нешто повеќе од 14 часа за од Охрид да исплива до Свети Наум.
Марко пред три години го преплива езерото, кога со 12 години стана најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид. Подвигот беше уште поголем поради фактот што Марко има некроза на еден дел на коската на ногата како резултат на пореметување на крвотокот во тој дел на коската. Поради тоа во пливањето тој повеќе ги користи рацете отколку нозете.