Dark Mode Light Mode

Сме одбиле донација вакцини од Словачка – имаме доволно да не фрламе?!

Земјава добила понуда за донација на вакцини и од Словачка, меѓутоа властите одбиле бидејќи, како што рече министерот за здравство Венко Филипе денеска, во овој момент имаме доволно и не е фер да прифатиме вакцини, а да не ги искористиме, па да треба да ги уништуваме кога ќе им истече рокот.

Изјавата на министерот е во време кога веќе повеќе недели се вакцинираат по едвај 2.000 граѓани (со прва доза) иуште толку се ревакцинираат, поради, како што призна и Филипче, недостатокот од вакцини. Но, тој вината за ваквата состојба ниту еднаш не ја презеде на себе или на некој институција туку на тоа дека во светот има голема побарувачка, а ние како мал пазар тешко доаѓаме на ред.

Токму ова беше причина земјава да набави 500.000 вакцини од кинескиот производител „Синовак“, кои според податоците се со помала ефикасност од другите на пазарот, но барем штитат од сериозни последици.

Реклама

Но и тие вакцини се најавуваат веќе подолго време и никако да стигнат. Последно е дека тоа ќе се случи в недела.

Денеска Филипче рече дека оод понеделник во наредните две недели ќе бидат вакцинирани сите граѓани кои се пријавени, дека списокот е ревидиран и тие ќе добијат термини и до 15 јули ќе бидат вакцинирани.

Според него, стигнуваат вакцини за 300.000 граѓани и има сосема доволен број. Ќе се вакцинираат и наставниците и вработените во образовните институции. Откако ќе се вакцинираат оние што се пријавени, пунктовите ќе останат отворени за вакцинација на граѓаните.

Во меѓувреме, стотици наши граѓани секојдневно одат во Србија на вакцинација каде тоа можже да го направат без закажување.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Турски државјанин осомничен за пукањето во Стара Чаршија пред два дена

Next Post

Ковидот повторно зеде жртви - тројца починати за 24 часа, девет се новозаразени

Реклама