Dark Mode Light Mode

Блокади во Скопје и Македонски Брод за да се добијат регионален пат покрај Козјак

Жителите од Поречкиот регион денеска организираа синхронизирани протести во Скопје и Македонски Брод, во знак на незадоволство што со децении не се решава прашањето за изградба на регионален пат меѓу населените места во рамки на општината Македонски Брод и Скопје.

Едните го блокираа булеварот „Борис Трајковски“ во Скопје, во насока на Драчево и регионалниот пат 1106 во правец на селото Батинци кон шумскиот резерват „Јасен“, додека други беа на улицата „Маршал Тито“ во Македонски Брод.

Организатор на протестот е здружението на граѓани „Поречки средби“, чиј претседател, Горан Ѓуроски вака ја објаснува голготата на 800 жители:

Реклама

-Од Скопје до Самоков и многу околни села сè уште се доаѓа само низ резерватот „Јасен“ и тоа само во три термини во лето и два во зима. Траса долга 16,5 километри се вози по необезбеден пат широк само 2,5 метри. Доколку се задоцни за овие термини, тогаш треба да се возат околу 200 километри преку Кичево до Скопје.

Повеќепати испратиле дописи до Министерството за транспорт и врски, Владата и до Јавното претпријатие за државни патишта, но ништо не е направено.

Жителите најавија дека ќе ги бојкотираат претстојните локални избори, доколку дотогаш не се најде решение.  

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Почнува употребата на „Спутник лајт“ - ќе се дава како трета доза кај оние кои примиле „Спутник В“

Next Post

Утре, посебен сообраќаен режим во Скопје поради „Парадата на гордоста“

Реклама