Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за обидот за убиство што се случи пред два дена пред кафе-бар во Старата скопска чаршија, за што е осомничен 30-годишен државјанин на Турција со живеалиште во Скопје.
Според досегашните информации на Обвинителството, осомничениот и уште неколку други неидентификувани лица дошле на наведената локација, го нападнале оштетениот, удирајќи го со тупаници по главата и телото. Во еден момент, осомничениот извадил пиштол и испукал три куршуми кон оштетениот, когго го погодил во десната потколеница.
Поради опасност од бегство, како и да влијае врз сведоци или да се обиде да го доврши кривичното длео, побаран е притвор.