Поради одржување на „Парада на гордоста“, во Скопје утре ќе има посебен сообраќаен режим.
Маршот започнува од пред паркот „Жена Борец“, во 12 часот и ќе се движи по ул.„Димитрије Чуповски“, на „Даме Груев“ и бул.„ВМРО“ кон Владата, па по бул.„Илинден“ до фонтаната во Градски парк.
Поради ова, сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.