Трета година по ред, денеска стартуваат деновите на македонскиот филм во организација на Друштвото на филмски работници на Македонија, „Златна рамка“.
Ќе трае три дена, до 27. јуни, под мотото повторно влегуваме во „наш филм“. Ова е можност македонската публика да ги погледне сите филмски продукции измината 2020 година. Проекциите се прикажуваат на две локации: МКЦ – Кино „Фросина“ и Кинотека на Македонија, кино „Мирно лето“.
Сите проекции на документарни, краткометражни и долгометражни филмови се бесплатни, а по секоја проекција, публиката ќе има можност да ја запознае екипата која работела на филмот и да учествува во отворена дискусија.