Dark Mode Light Mode

Промоција на „Видеологија“ на 29 јуни во МКЦ

„Видеологија“ е насловот на збирката на филмски рецензии на Златко Ѓелески, што ќе се промовира на 29 јуни со почеток во 20 часот на платото пред Младинскиот културен центар. Се работи за филмски рецензии на домашни и странски филмови од 2019 и 2020 година.

– Книгата е поделена на два дела, од кои првиот дел содржи анализа на долгите и на кратките играни и документарни филмови што беа продуцирани и снимени во нашата земја, а вториот дел од книгата содржи избор на дваесетте најквалитетни долги играни и документарни филмови што се појавија во 2019 и во 2020 година во светски рамки. Оваа книга е наменета да претставува еден вид огледало и на домашната и на светската филмска сцена, да се воочат начелата според кои е препознаен стилскиот израз на домашните филмски автори, наспроти визуелниот маниризам на реномираните светски филмски автори и младите гласови што пирово се пробиваат во рамките на квантитативната понуда на филмски дела, стои во најавата на настанот.

Книгата, ќе биде претставена низ разговор со авторот кој ќе го води Јулијана Величковска, главниот уредник и основач на ПНВ Публикации, во чие издание е и „Видеологија“.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Апсурди во ГОБ „8 Септември“, лекарите не знаеле во каква состојба им е болницата!?

Next Post

Заев индиректно му кажа на Наумовски дека нема да биде кандидат за Ѓорче Петров

Реклама