Вчера вкупно се вакцинирале 10 065 граѓани, од кои со прва доза 1.450 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 431.174 дози вакцини, а ревакцинирани се 177.020 граѓани.
Со последните бројки 48 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 42 % од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 35 % од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 447.543 граѓани.
Здравствените власти од минатата недела најавуваат дека во овој месец ќе пристигнат над 100.000 „Фајзер“ и 500.000 „Синовак“, како и најавите за донации од Бугарија и Грција. Но до вчера единствено пристигнаа 30.000 дози „Синовак“ од Турција, кои властите во оваа земја ги ветија за време на неодамнешната посета на премиерот Зоран Заев на Анкара.