Основното јавно обвинителство Прилеп отвори истрага против 40-годишниот албански државјанин кој вчера се обиде да поткупи полицајци за да избегне контрола во камионот во кој пренесувал 50 килограми марихуана за Грција.
Тој вчера околу 1:00 часот,на патниот правец Прилеп – Градско, бил запрен од сообраќајна контрола и кога ја давал документацијата кон полициските службеници, ставил 400 денари поткуп. Иако бил предупреден да не го прави тоа, тој повторно се обидел да им ги подметне парите.
При прегледот на возилото, во полуприколката пронашле 48,063 кг марихуана спакувана во две патни торби со вкупно 49 полиетиленски паковки.
Основниот суд Прилеп на осомниченниот му определи притвор во траење од 30 дена.