Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 109.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се примени 2 нови пациенти. Вкупно 43 лица сомнителни и потврдени за ковид 19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Двајцата новопримени пациенти се во ГОБ „8 Септември“.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 7 оздравени пациенти.
Во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 66 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Празни се ковид- одделенијата во Кавадарци и во Гевгелија.
Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.