Dark Mode Light Mode

Успешно извршена четвртата трансплатација на срце

Рано утрово, срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на социјалните мрежи напиша дека следните денови се критични за телото да го прифати новиот орган.

„Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот.
Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот сите“, вели министерот.

Реклама

Како што најави, повеќе детали за трансплантацијата ќе бидат достапни во текот на денот.

Трансплатацијата почна синоќа во 23 часот, откако кај 44-годишна пациентка беше дијагностицирана мозочна смрт, а тројца пациенти се подготвија да ги примат органите.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Попладнево пороен дожд и грмежи

Next Post

Вакцинацијата никако да земе залет - вчера прва доза примиле само 1.450 лица

Реклама