Петмина македонски полицајци ќе бидат дел од службите кои во периодот од 11 до 18 јуни во Букурешт, Романија, ќе се грижат за безбедноста на Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое за прв пат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација.
-Задачата на нашите полициски службеници е заедно со полициските тимови на Романија, Австрија и Украина да создадат безбедносни услови овој значаен спортски настан да помине согласно највисоките безбедносни стандарди, истовремено и да им излезат во пресрет на нашите граѓани кои ќе бидат присутни во Букурешт за време на настанот, велат од МВР.