Dark Mode Light Mode

Граѓаните на Западен Балкан ќе почекаат на слободно патуување во ЕУ

Европската комисија го поздравува напредокот на земјите од Западен Балкан во однос на епидемиолошката состојба и вакцинацијата, но регионот се уште не е ставен на списокот на „безбедни“ земји, чии граѓани нема да бидат ограничувани при влез во ЕУ.

-Не сакаме да создадеме ситуација во која граѓаните на Западен Балкан ќе бидат третирани полошо отколку што дозволува здравствената состојба во регионот. Но, ЕУ не сака на кој било начин да го загрози напредокот што е постигнат во борбата против пандемијата и сето тоа со цел што побрзо да биде во ситуацијата за да може да се ослободи од сите ограничувања и сите да имаат можност да патуваат, изјави портпаролот на Комисијата, Аделбер Јанц.

На констатацијата на медиумите дека граѓаните на Западен Балкан се изолирани повеќе од една година и дека последните епидемиолошки податоци покажуваат дека земјите од регионот ги исполнуваат основните критериуми предложени од ЕК како услов за вклучување во список на „безбедни“ земји, од Комисијата велат дека ги разбираат очекувањата на граѓаните на Западен Балкан, но останува на земјите членки да донесат одлука за проширување на списокот, кој се ревидира на секои две недели.

Реклама

Тој потсетува дека Комисијата препорача земјите членки да дозволат патување во ЕУ за сите патници што примиле вакцини одобрени од ЕМА и дека со тоа веќе е дозволено патување за голем број граѓани од Западен Балкан.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Еден починат, 18 нови заразени - вкупно 437 лица во државава во моментов имаат ковид

Next Post

Без струја утре повеќе делови од Кисела Вода, Центар и Карпош

Реклама