Dark Mode Light Mode

На родителите им се допаѓа онлајн наставата, покажала анкета на УНИЦЕФ

Анкетираните родители во истражувањето на УНИЦЕФ, спроведено со 1.793 родители покажало дека дури 80 проценти се задоволни од ваквиот вид настава. Или дури 55% ја оценуваат со „петка“ додека 25% ја оценуваат со „четворка“.

Како што соопштија од МОН, само 12% од родителите рекле дека не добивале доволно повратни информации од наставниците за напредокот на децата споредбено со лани, само 4% рекле дека организацијата на училиште била хаотична и само 2% оваа година рекле дека наставниците не правеле никаква проверка на знаењето.

На прашањето, „Севкупно, колку сте задоволни од поддршката што ја добиваше Вашето дете од училиштето и од наставниците додека се одвиваше учењето од дома?“ 61% од анкетираните родители рекле дека се многу или прилично задоволни, што претставува значително попозитивен став споредбено со лани кога 42% го тврделе истото.

Реклама

Родителите се многу задоволни и од наставниците и начинот на кој тие работеле со нивните деца. Високи 70% ги оцениле наставниците со „петка“ а дополнителни 19% проценти со „четворка“.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Викендов 927 наши државјани се вакцинирале со прва доза во Врање

Next Post

Да се чудиш во кој век живееме: На жителите во Серава ќе им ја реконструираат водоводната и канализацискат мрежа

Реклама