Dark Mode Light Mode
УХМР предупредува: Попладнево е можно невреме
Смртноста од ковид намалена за речиси 46 отсто, бројот на заразени за 30 проценти
Вработени на Инфективна добија влезници од ФФМ за ЕУРО2020

Смртноста од ковид намалена за речиси 46 отсто, бројот на заразени за 30 проценти

Во првата недела на овој месец регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата, што е намалување од 29,5 отсто во однос на минатата недела, покажуваат податоците од неделниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а заболените се од сите возрасни групи. Сепак, најзастапена е возрасната група над 60 години, потоа од 50 до 59, од 40 до 49, од 30 до 39 и од 20 до 29 години. Најмал број е регистриран кај децата на возраст до девет години и од 10 до 19 години.

Пријавени се 13 смртни случаи од шест градови, што е за 45,8 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, девет лица биле над 60 години, три лица на возраст од 50 до 59 години и едно лице од 40 до 49 години.

Реклама

Во оваа недела тестирани се вкупно 19.672 материјали, што е зголемување од 9,1 отсто во однос на минатата недела.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

УХМР предупредува: Попладнево е можно невреме

Next Post

Вработени на Инфективна добија влезници од ФФМ за ЕУРО2020

Реклама