Dark Mode Light Mode
На родителите им се допаѓа онлајн наставата, покажала анкета на УНИЦЕФ
Да се чудиш во кој век живееме: На жителите во Серава ќе им ја реконструираат водоводната и канализацискат мрежа
Субвенции за старите возила да станат еколошки

Да се чудиш во кој век живееме: На жителите во Серава ќе им ја реконструираат водоводната и канализацискат мрежа

Во Општина Чаир денеска беше означен почетокот на работите за целосна реконструкција на водоводната мрежа на четири улици од населбата Серава: „Јахја Паша“ („Солунска “) и нејзините кракови, „Ковачка“,„Рифат Бурџевиќ“ и „Кумбара“.

Денеска таму беа министерот за животна средина Насер Нуредини и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

– Нашиот ангажман во оваа општина не завршува тука и во наредниот период ќе продолжиме со реализација на проекти за водоснабдување и одведување на отпадни води. Веќе е изработена индикативна листа на можни проекти за кои се започнати преговори со Европската Инвестициска Банка за обезбедување на кредит, изјави Нуредини.

Реклама

Ганиу пак објави дека се обезбедени и над 1 милион евра за населбата Серава, преку алокација на средствата од ТАВ, со кои во рок од 3-4 месеци целосно ќе се реконструира водоводната и фекалната канализациона мрежа на многу други улици на ова населба, каде живеат над 20 илјади жители.

Тој потсетил дека пред неколку недели беа обезбедени и 650 илјади евра од Проектот за подобрување на општинските услуги – МСИП 2, за реконструкција на водоводната мрежа, фекалната и атмосферската канализација во 6 улици од населбата Дижонска.

Убаво е кога локалните власти се грижат животот на жителите да се осовременува, но неразбирливо е што за нормална водоводна и канализациска мрежа се говори во 21 век, во општина во главниот град на држава која е кандидат за членство во ЕУ.

И посебно што, вакви работи се прават во пресрет на локални избори.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

На родителите им се допаѓа онлајн наставата, покажала анкета на УНИЦЕФ

Next Post

Субвенции за старите возила да станат еколошки

Реклама