Dark Mode Light Mode

Викендов 927 наши државјани се вакцинирале со прва доза во Врање

Изминатиот викенд, во Врање се вакцинирале 927 македонски државјани, или досега во овој град со првата доза се вакцинирани 2.032 наши граѓани, објавија српските здравствени власти.

Вакцинацијата е без претходно закажување, а единствено што со себе треба да носат граѓаните е важечки документ за лична идентификација.

Освен во Врање, македонските државјани без закажување може да се вакцинираат и во Здравствениот дом во Ниш. За граѓаните се достапни вакцините на „Синофарм“, „Астра Зенека“ и „Фајзер“, додека „Спутник В“ им се дава само на граѓаните што добиле покана од Е-управа.

Реклама

Од податоците од пограничните служби, во саботата до пладне околу 2.500 наши граѓани заминале за Србија.

Претходно, според неофицијалните податоци во Србија се вакцинирани над 15.000 наши граѓани. Податоците се неофицијални, бидејќи српските власти се уште не ги испратиле до македонските власти.

Министерот Филипче најави дека се планира отворање посебен пункт за ревакцинација на нашите државјани кои првата доза ја примија во Србија, а како опции се Врање и Ниш. Сите тие се вакцинираа со „Астра Зенека“ која кај нас се дава само на лица постари од 60 години.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Еден заразен и тројца починати од ковид во 24 часа

Next Post

На родителите им се допаѓа онлајн наставата, покажала анкета на УНИЦЕФ

Реклама