Dark Mode Light Mode

Субвенции за старите возила да станат еколошки

Министерството за економија утре ќе објави оглас за субвенционирање на половина од трошоците за купување и вградување уред за погон на алтернативно гориво во возилата произведеи од 2005 година наваму.

Според огласот, државата ќе субвенционира 50 проценти од трошоците за вградување на ваков уред во возилата, но не повеќе од 18 илјади денари или 300 евра по возило.

Огласот ќе трае 60 дена по принципот „прв дојден, прв услужен“. Ќе се субвеницонира само едно возило на едно семејство.

Реклама

Сопствениците на возила произведени од 2005 година наваму треба да извршат купување и вградување на уред со погон на ТНГ, метан или друг вид алтернативно гориво во возилото од денот на објавување на јавниот повик во некои од фирмите кои вршат продажба и вградување на ваквите уреди.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Да се чудиш во кој век живееме: На жителите во Серава ќе им ја реконструираат водоводната и канализацискат мрежа

Next Post

ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица, а најавува и институционални блокади

Реклама