Dark Mode Light Mode
В недела ќе видиме како би изгледало Скопје без автомобили
Од вакцинираните во Србија со „Астра Зенека“ само постарите од 60 години ќе може да се ревакцинираат тука
Пред новата учебна година можна е и вакцинација на деца

Од вакцинираните во Србија со „Астра Зенека“ само постарите од 60 години ќе може да се ревакцинираат тука

Граѓаните над 60 години, кои се вакцинирале во Србија со вакцината на „Астра Зенека“, ќе може да пријават за ревакцина во земјава преку интернет-страницата на Министерството за здравство ревакцинација.мк.

Но, тоа нема да ги опфати и помладите од 60 години. Тие ќе треба повторно да одат за ревакцина во Србија и потоа да се пријават кај матичниот лекар. Во земјава уште не се стигнати ниту списоците со македонски државјани кои се вакцинирани во Србија, иако тоа беше ветено досега од српските власти.

-Списоците не ги добивме, иако неколкупати разговаравме со министерот Лончар. Може кој било граѓанин ревакциниран на кое било место да се пријави кај матичниот лекар и тој во податокот ќе стави дека граѓанинот е ревакциниран, изјави Филипче.

Реклама

Според објаснувањето на Филипче, сите сертификати што ќе ги добијат ревакцинираните во Србија се валидни како и сертификатот што ќе се издава во земјава и кју-ар кодот и од српските сертификати ќе може да се скенира со апликацијата која се очекува да биде во употреба наредните денови.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

В недела ќе видиме како би изгледало Скопје без автомобили

Next Post

Пред новата учебна година можна е и вакцинација на деца

Реклама