Dark Mode Light Mode

Алијанса и Алтернатива пред Уставен го оспорија ослободувањето на српските државјани од патарини

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, денеска пред Уставниот суд поднесе иницијатива за процена на законитоста на одлуката на Владата, со која граѓаните на Србија летово се ослободуваат од патарини.

Правниот претставник на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, адвокатот Абидин Абдули, откако ја поднесе иницијативата до Уставниот суд, изјави дека секоја одлука на Владата треба да биде во согласност со позитивните закони на земјата.

-Наведената одлука е во спротивност со Законот за уплата на патарините и во исто време ги става во нееднаква положба странските граѓани на соседните држави, кои транзитираат преку Северна Македонија, посочи Абдули.

Реклама

Минатиот месец Владата соопшти дека српските граѓани од 15 јуни до 15 август ќе бидат ослободени од патарини во земјата во знак на благодарност за донациите во вакцини.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Тајванци како заробеници работеле во измамнички кол-центри во скопската населба Бардовци

Next Post

Радев најави вакцини од Бугарија за нас и летни кампови за дружба на деца и студенти

Реклама