Бугарскиот претседател Румен Радев денеска во Рим најави дека Бугарија ќе и донира големо количество вакцини против ковид на Македонија.
Во изјава за бугарските медиуми по неговата средба со шефот на италијанската држава Серџо Матарела, рекол и дека Бугарија ја разгледува можноста, државната помош за туризмот да биде искористена за бесплатни кампови за ученици и студенти од Македонија во бугарските планински и приморски одморалишта.
За идејата ученици и студенти од земјава да минат дел од одморот заедно со деца од Бугарија, вели, разговарал со македонскиот претседател Стево Пендаровски, со кога заедно отапуваа во Рим.
-Ако успееме да го постигнеме тоа, ќе се направи најважниот чекор за надминување на децениска пропаганда на инсинуации и спротиставувања меѓу двете држави. Ако ги собереме нашите млади луѓе заедно, сигурен сум дека тоа ќе неутрализира какви било пропаганди, нагласил Радев.