Во текот на изминатата недела (20.05.2021 – 26.05.2021 година) пајак-службата отстрани вкупно 152 возила од јавните површини во Скопје.
Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 21 возило е отстрането од зонските паркиралишта, а другите 131 возило по налог на сообраќајната полиција за паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.
Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 230 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 21 возило е отстрането со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.