Dark Mode Light Mode

Досега вакцинирани 267.000 лица, од нив 54.600 целосно

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 227.963 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.278 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 11.104 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини, а ревакцинирани се 54.600 граѓани. Со последните бројки 46 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 40 % од населението над 65 години е вакцинирано  со барем една доза вакцина.

Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 425.422 граѓани.

Реклама

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Им се брзало: Инспектори им забраниле да градат на диво, но тие продолжиле

Next Post

На скопјани не им иде памет: Минатата недела пајак кренал 131 погрешно паркирано возило

Реклама