Со прва доза против ковид досега се вакцинирани вкупно 224.336 граѓани, а ревакцинирани се вкупно 42.832. Во текот на вчерашниот ден се вакцинирале вкупно 6.940 граѓани.
Во државата вкупно се аплицирани 267.167 дози вакцини. Со последните бројки 46% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 39% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
Досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 422.503 граѓани.