Dark Mode Light Mode

Радев дојде по Пендаровски да го носи во Рим

Точно напладне бугарскиот претседател Румен Радев пристигна на скопскиот аеродром за да ја земе македонската делегација, предводена од претседателот Стево Пендаровски и заедно потоа да се упатат кон Рим на чествувањето на светите Кирил и Методиј.

Двајцата претседатели имаа куса средба на аеродромот, од која, како што рече Пендаровски во изјавата по неа, немало конкретен исход, туку била воведен разговор за престојните активности, но и за случувањата на релација Скопје-Софија изминатите денови.

Додаде дека во текот патувањето ќе имаат уште можности за разговор со Радев и за време на престојот и на враќање од Рим, а фокусот ќе биде на актуелните прашања во рамки на билатералните односи меѓу двете земји.

Реклама

Радев, пак, изрази благодарност до, како што кажа, неговиот колега и пријател Пендаровски за денешното гостопримство.

-Сакам да споделам дека заедничкото патување и оддавање почит на светите браќа Кирил и Методиј е прекрасен повод да го обновиме дијалогот на нашите две земји на највисоко ниво и да ја изразиме нашата заедничка волја за развој на нашите односи во духот на соработката, пријателството и добрососедството, истакна бугарскиот претседател во кусата изјава на скопскиот аеродром.

Двајцата претседатели утре ќе ја посетат базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички ќе им оддадат почит на светите браќа Кирил и Методиј. Тие ќе положат цвеќе пред пред спомен плочата во чест на сесловенските браќа.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Досега целосно се вакцинирани 42.830 граѓани, над 422.500 сакаат да се вакцинираат

Next Post

Ќе се озакони работата од дома

Реклама