Dark Mode Light Mode

Уште една иницијатива за референдум за дигитализацијата на наставата, попладне протести

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска повторно поднесе иницијатива до Собранието за распишување референдум за граѓаните да се изјаснат за Предлог-законот за дигитални учебници и наставни материјали во основното и средното образование, откако првиот пат иницијативата им беше одбиена како неуредна. 

Во текот на вчерашниот ден пред подрачни единици на ДИК иницијаторите собрале околу 300 потписи кои се доволни за да го поднесат предлогот во Собранието.

Драгана Спасевска од Иницијативата рече дека бараат директно и непосредно изјаснување на волјата на граѓаните за предожениот закон и се надева дека овојпат иницијативата е во согласност со Законот за референдум и ќе биде прифатена.

Реклама

-Сакам да се обратам до сите политичари, европски делегати, пратеници дека ова граѓанското движење односно граѓански глас е против донесување на овој предлог-закон. Сите пратеници во Собрнието да го слушнат гласот и да го почитуваат ставот на граѓаните и добро да размислат какви чекори ќе преземат, затоа што на крајот од денот овие граѓани им го дале својот глас за да ги застапуваат во институциите, рече  Спасевска. 

Граѓанската иницијатива „Учебници и настава мора да има“ денеска попладне ќе организира протести во повеќе општини во државата и мирен марш во Скопје, кој ќе почне пред Министерството за образование и наука.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Ќе се озакони работата од дома

Next Post

Христо Ивановски нов главен уредник на „Скопско Ехо“, Антонио Спасев ќе работи на нови медиумски проекти

Реклама