Dark Mode Light Mode

Амбасадорите пак ни одржаа лекција: Го исчистија ѓубрето кај Главна пошта

Амбасадорите на ЕУ, Австрија, Хрватска, Франција, Унгарија, Италија, Полска, Холандија, Романија, Шведска и Чешката Република и министерот за животна средина, Насер Нуредини, денеска го чистеа просторот околу зградата на Централната пошта во Скопје, која минатиот месец беше ставена на списокот на Еуропа Ностра меѓу седумте најзагрозени локалитети на културно наследство во Европа за 2021 година.

Акцијата беше организирана по повод овогодишното одбележување на Денот на Европа, како и во рамките на тековната кампања „За чисто како дома исто“.

-Ние треба да го зачуваме културното наследство за идните генерации, а во исто време треба да ги зачуваме и природните ресурси и природната средина. Што се однесува до Централната пошта, Управниот одбор на Еуропа Ностра го препозна нејзиното извонредно значење како симбол на повторното раѓање на градот по земјотресот. Итно е потребна акција за зачувување и обезбедување на местото за да може повторно да се роди по втор пат, изјави амбасадорот на ЕУ Дејвид Гир за време на акцијата за чистење.

Реклама

Не е прв пат амбасадорите да дадат пример со чистење на места кои се запуштени. Во согласност со Зелената агенда на ЕУ за Западен Балкан, иницијативата се обидува да ја подигне свеста за важноста на собирањето и рециклирањето на отпад.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Швајцарија 7 години преговараше со ЕУ и на крај се повлече

Next Post

Колку маски, лекови... ќе се купеа со 80 илјади евра што ФЗО ги даде за два луксузни автомобили?

Реклама