Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека исплатата на мајските пензии за почнува предвреме и тоа уште од денеска. За да се обезбеди заштита од ковид, тоа ќе биде етапно.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 26.05.2021 година (среда);
-За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 27.05.2021 година (четврток);
-За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 28.05.2021 година (петок);
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.05.2021 година (понеделник).
Ова не важи за пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, кои со парите можат да располагаат од денеска. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.