Поранешниот премиер и претседател на Албанија, Сали Бериша и неговото семејство се непожелни личности во САД.
Според американскиот државен секретар Ентони Блинкен причина се коруптивни постапки на Бериша и поткопување на демократијата во Албанија.
Во изјавата што ја објави Блинкен се наведува дека особено како премиер на Албанија, Бериша бил вклучен во коруптивни дела, како што се злоупотреба на јавни средства и мешање во јавни процеси, вклучително и користење на неговата моќ за своја корист и за богатење на неговите политички сојузници и членовите на неговото семејство, а на сметка на довербата на албанската јавност во владините институции и јавните службеници.