По седум години преговори, Швајцарија се повлече од новиот планиран договор за билатерални односи со Европската унија поради несогласување за клучните точки.
Европската комисија објави дека жали за едностраната одлука на швајцарската Влада, „со оглед на напредокот што е направен во текот на последните години за реализација на Институционалниот рамковен договор“.
Договорот ќе беше основа за понатамошен развој на односите меѓу ЕУ и Швајцарија, се вели во писмената изјава на ЕК.
Швајцарија не е членка на ЕУ, но е вклучена во многу европски проекти преку билатерални договори. Исто така, има пристап до внатрешниот пазар на ЕУ и за возврат овозможува слободно движење на луѓето.
За новиот рамковен договор се преговара од 2014 година.