Dark Mode Light Mode
Примената на полицискиот час продолжена до 1 јуни
Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 200.000 евра, приведени три албански државјани
Од 157 казни, 21 биле за мотоциклисти

Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 200.000 евра, приведени три албански државјани

Лишени од слобода се К.К.(25), М.Ф.(28) и Ф.Б.(42), сите од Република Албанија, со што беше пресечен меѓународен канал на транспорт на наркотична дрога од Република Албанија, низ Република Северна Македонија, а наменета за Република Грција, како крајна дестинација, соопшти денеска МВР. Акцијата била спорведена вчера од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во заедничка акција со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единицата за брзо распоредување и ОВР Ресен.

-Беше запленета марихуана во количина од вкупно 65 килограми, со вредност од околу 200.000 евра, соопшти полицијата.

Во информацијата се наведува дека вчера во утринските часови, на регионалниот пат од Трпејца кон Стење, преку Националниот парк Галичица, биле сопрени две патнички возила, марка „мерцедес“, со албански регистарски ознаки, кои учествувале во вршењето транспорт на дрогата. При извршен преглед на возилата, од кои едното било управувано од К.К., каде како совозач бил М.Ф., а второто од Ф.Б., биле пронајдени и одземени 3 големи торби со марихуана, спакувана во 44 пакувања.

Реклама

-Албанските државјани се приведени, а по насока на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, дрогата е предадена на вештачење, при што било утврдено дека станува збор за вкупно 65 килограми марихуана, а против трите лица ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по член 215 од Кривичниот законик, информира полицијата.

Пресечен меѓународен транспорт на дрога во вредност од 200.000 евра, приведени три албански државјани

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Примената на полицискиот час продолжена до 1 јуни

Next Post

Од 157 казни, 21 биле за мотоциклисти

Реклама