Dark Mode Light Mode

Донираните органи на Верица Белчовска спасуваат уште еден живот: Извршена првата трансплантација на коски

Прва трансплантација на коска извршена е вчера на Клиниката за ортопедија благодарение на одлуката на семејството на починатата Верица Белчовска да донира неколку нејзини органи. Првата трансплантација на коска е извршена кај 19-годишен пациент во операцијата која, како што соопшти Министерството за здравство, траела пет часа.

-Тимот од хирурзи предводен од проф. д-р Милан Самарџиски и д-р Александар Трајановски ја заврши комплексната операција на замена на малигно променето коскено ткиво со здраво ткиво од починат донатор кај пациент кој се лекува од малиген тумор на коска, по претходно спроведена биопсија и хемотерапија. Ова е прв ваков тип на интервенција на замена на оштетено коскено ткиво со дониран алографт. Во тимот учествуваа и д-р Далип Јахја, д-р Милена Богојевска Доксевска, д-р Александар Савески, д-р Резеарт Далипи, како и васкуларниот хирург д-р Никола Граматниковски, се наведува во соопштението.

Досега од починатиот донор се трансплантирани срце и два бубрега.

Реклама

-Коскените трансплантанти имаат огромен бенефит за пациентите и се користат кај оштетувања на скелетот предизвикани од бенигни и малигни тумори, состојби после трауми, последици од пропаднати ендопротези, вродени аномалии како и кај ред други заболувања кои прават оштетувања на скелетот, укажува Министерството за здравство.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе го уништи средишното зеленило на „Партизанска“ со градба на БРТ

Next Post

Пензионирани француски генерали го опоменаа Макрон за можна граѓанска војна

Реклама