Според Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.334.
Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни места.
Во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 53 нови пациенти поради компликации од коронавирусот.
Вкупно 566 лица сомнителни и потврдени за ковид се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие на интерните и хируршки клиники имало 20 приеми.
Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 17 примени пациенти и 13 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле нема приеми, а двајца пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина, е примен еден нов пациент.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 63 оздравени пациенти.
Во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 768 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.