Dark Mode Light Mode

ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе го уништи средишното зеленило на „Партизанска“ со градба на БРТ

Средишниот дрворед по булеварот „Партизански одреди“, и 40.000м2 зеленило ќе бидат уништени како последица на планот за градба на БРТ на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, предупреди денеска ВМРО-ДПМНЕ.

Од оваа опозициска партија наведуваат дека под постојана закана ќе биде и водоснабдувањето на Скопје, чија главна цевка, во големина од 1 метро и 60 сантиметри минува на 2 метри под средишното зеленило на булеварот „Партизански одреди“.

-И најмали осцилации можат да ја оштетат и да предизвикаат пукање. Имајќи ја во предвид големината на истата и големиот притисок, штетите во минута ќе бидат огромни. Дополнително БРТ не е превоз за мали градови како Скопје, тој се користи за градови како Истанбул и Мексико сити, каде растојанието од едниот до другиот крај на градот е и до 180 километри. Автобуските постојки кај истиот се поставени на поголемо растојание и со цел да се овозможи брз излез и влез на секоја постојка има натпатници. Во Скопје е проблем што растојанието е мало, а ќе треба да се намали бројот на постојки, со тоа граѓаните ќе добијат нефункционален транспорт, каде за да стигнат од една до друга постојка ќе треба да поминат големо растојание, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Во соопштението му се порачува на Шилегов наместо да продава скапи проекти, кои не се за град како Скопје, да направи две подземни раскрсници, и раскрсници на повеќе нивоа, и целиот проблем со метежот во Скопје ќе биде решен во целост.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Вардар доживеа пораз од Војводина во СЕХА лигата

Next Post

Донираните органи на Верица Белчовска спасуваат уште еден живот: Извршена првата трансплантација на коски

Реклама