Dark Mode Light Mode

Улица „Железничка“ си го врати старото име, ама доби нови дупки

Една од најпрометните улици во градот „Железничка“ со бранот на преименувања што го направија градските власти пак си го носи старото име откако повеќе години беше означена како улица „Јордан Мијалков“. Но, враќањето на старото име не значеше дека улицата ќе биде во подобра состојба, а што им е најважно на граѓаните кои со свои возила поминуваат по неа. Напротив, на улицата секојдневно се појавуваат нови и нови дупки во асфалтот, посебно на нејзиниот почеток, кај крстосницата со булеварот „Водњанска“. Па така, деновиве се појави уште една голема дупка која претставува голема опасност возилата да бидат оштетени.

Така е веќе неколку дена, а надлежните се уште не реагираат. Којзнае, можеби во ваква состојба улицата ќе дочека и ново преименување, што пак ќе се пропагира како големо достигнување.

Реклама

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Казнети 916 лица за пребрзо возење, дури 107 возеле со брзина 50 километри над дозволеното

Next Post

Драган Бајиќ нов селектор на македонската кошаркарска репрезентација

Реклама