Dark Mode Light Mode

Претставник на ЕМА потврди поврзаност на „Астра зенека“ и тромбозата

Официјалниот претставник на Европската медицинска агенција (ЕМА), Марко Кавалери, потврди дека постои поврзаност меѓу вакцината на „Астра Зенека“ и случаите со тромбоза. Тој во интервју за италијанскиот весник „Месаџеро“ вели дека сепак се потребни дополнителни испитувања за тоа како се предизвикува тромбозата по примањето на вакцината.

Во последните неколку недели се појавија сомнежи за можни сериозни несакани ефекти по примањето на оваа вакцина. Иако тие се исклучително ретки, Европската медицинска агенција уште еднаш ќе ја преиспита препораката за тоа кои лица може да ја примат оваа вакцина.

Во меѓувреме, во голем број земји запрена е вакцинацијата на лица под 60 години, кај кои најчесто се појавуваа овие тромбоцитни реакции.

Реклама

-Меѓу вакцинираните има повеќе случаи на тромбоза меѓу младите отколку што е очекувано, а тоа треба да го испитаме, вели Кавалери.

И кај нас е регистриран еден случај на тромбоза кај 28 – годишна девојка која беше вакцинирана со оваа вакцина во Србија. Кај неа се појавил тромб во очната вена и по извесно време болничко лекување, од денеска е дома.

Вакцинацијата со „Астра зенека“ продолжува кај популација над 60 години.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Откривање или саботажа: ВМРО-ДПМНЕ и МВР со различни ставови за аферата со пасошите

Next Post

Почина премрзнатиот овчар за кој институциите не најдоа превоз, ќе има ли одговорност?

Реклама