Dark Mode Light Mode

Села и Гаши добија порака од Калето да бидат контруктивни

Американската амбасадорка во Македонија Кејт Брнз денеска разговарала со лидерите на Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, објави Амбасадата на САД на својот фејсбук – профил.

-Амбасадорката Брнз ги охрабри двајцата лидери да соработуваат со останатите со цел да ги надминат предизвиците со кои се соочува земјата во моментот, посочува Амбасадата на САД.

Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива претходно објави дека останува на ставот дека пописот не треба да се одложи и нагласи дека нема да дозволи да се одржи денешната собраниска седница, на која на дневен ред се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за попис по скратена постапка и Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка.

Реклама

Нивните пратеници беа единствените кои гласаа против потребата да се донесат вакви измени, на седницата која беше закажана по подолго време блокада на Собранието.

Оваа пратеничка група преку поднесување на стотици амандмани на сите закони, не дозволува да се гласа за ниту еден закон, а конструктивноста ја условува со донесување на законот за државјансто кој тие го предлагаат.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во Србија се апсат антиваксери поради ширење страв и паника

Next Post

Какви ли печурки јаделе штом и дошло да ја кршат фонтаната „Печурка“ во Ново Лисиче?

Реклама