Општина Аеродром по 16 години постоење, конечно ќе добие своја зграда. Избрани се три идејни решенија од вкупно 22 колку што пристигнале на конкурсот. Сите три проекти ќе добијат парилна награда – 300.000 денари за прво место, 100.000 денари за второ и 50.000 за трето место.
Денеска беа презентирани трите најдобри проекти, за кои општинските власти велат дека ќе и дадат препознатливост.
Покрај административниот дел, ќе има и мултифунционален центар за собири на граѓани каде што ќе можат да се организираат средби, венчавки и друг тип културни настани, интрегрирана подрачна единица и други простории што ќе бидат отворени за граѓаните.
И она што е најважно, веќе нема да се плаќа висок месечен наем, како досега.
Штета што не почна да се гради порано, како што беше ветено.