Dark Mode Light Mode

Заев: Нападот на Пендаровски е несоодветен, но здраво е да има и несогласувања

Со квалификација дека шефот на државата Стево Пендаровски сторил „несоодветен напад“ премиерот Зоран Заев денеска ја прокоментира вчерашната конфронтација меѓу претседателот на Македонија и министерот за здравство Венко Филипче.

 Јас многу го почитувам претседателот Пендаровски, ама нападот од него не соодветен, со оглед на сите напори што ги правиме за набавка на вакцините. Знам за одговорот на министерот Филипче, секако дека сум упатен кога реагира член на Владата. Но, слободата е голема придобивка. Едно време беше незамисливо да има несогласувања меѓу претседател и министер. Еве сега гледаме дека не може да се согласуваме за се. Здраво е да имаме и несогласувања, ама тоа не значи дека не се почитуваме, изјави Заев, по денешната средба во Собранието со претставници на партиите Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Според Заев, не е срамота тоа што граѓаните се вакцинирале во Србија, како што искоментира Пендаровски, затоа што тие таму оделе како индивидуалци по сопствена волја, односно не ги организирала државата.

Реклама

-Не ни е лесно на никој во овие мигови, прашањето е што правиме во наоѓање на вакцини. За нас како влада е слободниот избор на граѓаните е најважен. Дали ќе оди да прими вакцина во друга држава, државата нема да учествува во изборот на граѓаните. Србија покажа огромен пријателски гест. Тие се отворија за граѓаните и рекоа дојдете да се вакцинирате. Денеска вакцинацијата е глобална проблематика и секоја помош е добродојдена, рече Заев.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

28-годишна девојка што примила „Астра Зенека“ е во болница поради тромботична реакција

Next Post

Се очекува Грција на 14 мај да дозволи влез за македонските државјани

Реклама