Dark Mode Light Mode

28-годишна девојка што примила „Астра Зенека“ е во болница поради тромботична реакција

Тромботична реакција, односно згрушување на крвта, по примањето на вакцината „АстраЗенека“ во Србија е причина за болничко згрижување на 28-годишна девојка од Македонија, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче кој беше во посета на поликлиниката „Јане Сандански“ каде што утринава почна масовната имунизација на лица над 77 години со вакцината на „Астра Зенека“. Тој објасни дека девојката ја примила вакцината пред 6-7 дена, а во болница е од вчера.

-Кај нас има еден случај на девојка која има 28 години и од вчера се наоѓа на болничко лекување со тромботичен ефект, се вакцинирала со „АстраЗенека“во Србија. Реакцијата се случила шест до седум дена после вакцинација, а таа нема претходни заболувања, истакна Филипче.

Тој посочи дека досега нема препорака дека нешто превентивно треба да прават граѓаните кои се вакцинирале со вакцината на „АстраЗенека“. Згрутчување на крвта кај одредени лица по примањето на вакцините се причини зошто неколку земји го запреле вакцинирањето со „АстраЗенека“ за одредени категории на граѓани.

Реклама

Филипче уверува дека нема регистрирани несакани ефекти од оваа вакцина кај постарите лица, а нагласи дека во Македонија нема да се започне со вакцинација со „АстраЗенека“ на лица помлади од 60 години додека не се добијат сите анализи.

Министерот рече дека вакцинирање засега тече без проблем, а состојбата со вакцинацијата на „АстраЗенека“ ќе мора да се следи со голема претпазливост.

-Ќе чекаме потврда дека вакцината е безбедна. Сакаме да бидеме претпазливи, денеска имаме закажано состаноци со МАЛМЕ, а ако треба ќе се обратиме до Европската агенција за лекови. Има ситуации каде вакцината на „Астра Зенека“ предизвикува тромботична реакција кај млади луѓе, иако се ретки, ние сакаме да бидеме претпазливи. Засега нема препораки дека нешто превентивно треба да се прави, станува збор за ретки случаи, истакна Филипче.

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Филипче: Состојбата во болниците е многу сериозна, медицинскиот кадар е целосно мобилизиран

Next Post

Заев: Нападот на Пендаровски е несоодветен, но здраво е да има и несогласувања

Реклама