Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ги поздрави напорите за одблокирање на работата на Собранието, но забележа што и тој не бил вклучен.
– Ги поздравувам напорите направени последните денови надвор или внатре во институцијата. Најпосле го поздравувам и фактот што знаат дека е направена намерна или ненамерна грешка, иако јас ќе ја сметам за ненамерна, за фактот што во сите работи и математики требало да биде присутен претседателот на Собранието, кој што тие одлуки да ги спроведе институционално во Собранието низ процедурите, рече Џафери на прес-конференција.
Тој денеска одржа координација, по која изјави дека не може да каже кога ќе се гласа за измените во Законот за попис и во Изборниот законик, бидејќиа тоа имало постапки за да не дојде до ситуација да бидат оспорени пред Уставниот суд.
– Од формален аспект ги вратив до предлагачите. Се надевам дека во текот на денот ќе ги вратат со исправки и дополни со кои треба да бидат уредени предлозите и соодветно да се пуштат во соодветна парламентарна процедура, рече Џафери, додавајќи дека не може да се свика седница додека материјалот не се подели на пратениците и додека не го знае исходот од таа седница.