Dark Mode Light Mode

Фонтаната на плоштадот да се загради со 3 метри висока ограда

Тешка машина за чистење на улици и тротоари пропадна денеска во партерната фонтана на плоштадот „Македонија“ откако гранитните плочки не можеа да ја издржат нејзината тежина. Повеќе плочи се искршени, а на местото на превртувањето на машината е создадена голема дупка.

Единствено добро во целиот овој инциден е што, како што се дознава, немало повредени лица.

Инаку, да потсетиме: пропаѓањето се случило блиску до местото на кое пред четири години, во јуни 2017 година, пропадна камион. Градежните екипи тогаш ја анагажираа механизацијата за правење на голема бина на плоштадот неменета за пречекот на ракометарите на Вардар по освојувањето на европскиот трон. Пропаѓањето на камионот откри дека плочките кои ја прекриваат партерната фонтана за чија изведна беа потрошени 2,5 милиони евра, не можат да издржат поголема тежина.

Реклама

Оттаму, прашање е зошто и натаму се дозволи движење на механизацијата по оваа површина кога се знае дека таа е лесно кршлива? По овој случај, очигледно, ќе треба да се смени режимот на движењето по фонтаната која и често се расипува, а и некој треба да сноси одговорност што не извлекол поуки од минатиот инцидент.

Зарем треба да се направи ограда висока три метри околу фонтаната за никој повторно да не пропадне?

Додека ја вадат тешката машина од дупката, на лице место се излезени припадници на МВР за да ги утврдат околностите под кои се случил настанот.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Коце го буди Шилегов за да направи нешто корисно за Скопје

Next Post

Ќе шпацирате со рака во џеб или ќе одговорите на нечуената лага?

Реклама