Dark Mode Light Mode
И Хрватска го одложи пописот на населението
МВР го згреши датумот или организаторот на протестите за „Монструм“ се пишмани?
13 години затвор за убиството на матурантот Ангел Петковски

МВР го згреши датумот или организаторот на протестите за „Монструм“ се пишмани?

Иако закажан за денеска во 13.30 часот, протест за пресудите за случајот „Монструм“ денеска не се одржа.

Прво, Блерим Ахмеди, кој е еден од организаторите на некои од протестте досега, на својот фејсбук – профил објави дека веста дека денеска ќе се одржи протест е лажна која ја проширило МВР, за да ја дезинформира јавноста.

Тој вели дека протест е закажан за 2.04 во 13:30 часот кај паркот во Чаир, до Владата.

Реклама

Веднаш потоа од МВР стигна демант, во кој се вели дека МВР не ја измислило најавата за протестото туку дека токму тој, Блерим Ахмеди го најавил протестот за денеска.

-Во интерес на вистината, МВР ја известува јавноста дека, како и за секој најавен протест каде е потребно блокирање на сообраќајници и пренасочување на сообраќајот, Министерството ги известува граѓаните за да бидат информирани и да го организираат своето движење. Овој протест беше најавен токму од лицето Блерим Ахмеди и МВР ги презеде сите неопходни мерки и активности за обезбедување на протестот, а соодветно и ја информиравме јавноста, велат од МВР.

Она што сега се наметнува како прашање е, дали некој во МВР го згрешил датумот и наместо за следниот, најавил сообраќаен режим за овој петок, или организаторот го најаил за овој, па се попишманил и го преместил за следниот петок?

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

И Хрватска го одложи пописот на населението

Next Post

13 години затвор за убиството на матурантот Ангел Петковски

Реклама