Dark Mode Light Mode

За свадби сепак е рано

Неприфатливо е да се носат одлуки спротивни на препораките на Комисијата за заразни болести, вели министерот за економија Крешник Бектеши, на барањето на угостителите да можат да организираат веселби според постојните протоколи за работа, кои важат за сите угостителски објекти.

Наместо тоа, ќе продолжи владината финансиска поддршка за угостителите.

-Како што беше во четвртиот сет економски мерки и сега со петтиот сет економски мерки, тие дејности што ќе бидат затворени со одлука на Владата по предлог на Комисијата, ќе бидат дополнително поддржани за да бидат ликвидни, но истовремено и да ги зачуваат работните места, изјави Бектеши.

Реклама

Ставот на Бектеши е дециден во споредба со оној на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, кој досега преговараше со сопствениците на ваквите ресторани и договори да се направат протоколи кои беа испратени до Комисијата за заразни болести.

И заменикот-министерот за здравство Илир Хасани вели дека протоколи за вакви ресторани е многу тешко да се спроведат поради самиот чин на свадбите, кој тешко се контролира.

-Еве, денес некој од шефовите на такви свадбарски ресторани нека си постави прашање, дали вие би чувствувал мир и спокој во душата кога ќе излезе од една свадба во 12 часот навечер после 300 луѓе коишто се гушкале и се развеселиле. Јас не би се чувствувал мирен после таков настан. Затоа јас ќе стојам на ставот дека сè додека не се подобри епидемиолошката состојба не се отвораат овие свадбарски ресторани, иако барањето е многу коректно, затоа што тие им се единствен приход на тие бизниси, изјави Хасани.

 

Keep Up to Date with the Most Important News

By pressing the Subscribe button, you confirm that you have read and are agreeing to our Privacy Policy and Terms of Use
Previous Post

Во ЕУ ќе се вакцинираат и со „Џонсон и Џонсон“

Next Post

Полицискиот час е да се спречат забавите кои се извор на зараза

Реклама